Приватен авион во кој имало 22 лица исчезна во Непал, соопштија денес властите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот од типот „Отер“ 9N-AET што припаѓа на компанијата „Тара ер“ полетал од градот Похара.
Фаниндра Мани Похарел, висок претставник во Министерството за внатрешни работи, за АА изјави дека е започната операција за пребарување и спасување.
„Во авионот имало 19 патници и тројца членови на екипажот“, рече тој и додаде дека за негово пронаоѓање се распоредени хеликоптери.
Похарел истакна дека авионот изгубил контакт утрината откако полетал од аеродромот.
Весникот на англиски јазик „Катманду пост“ објави дека во авионот имало и неколкумина индиски државјани.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).