Невремето урна потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски

0
213

По обилните врнежи од дожд коишто денеска попладне го зафатија и главниот град, во скопската населба Пинтија, на булеварот Борис Трајковски, се урна потпорен ѕид. Притоа беше урнато и дел од уличното осветлување на булеварот, па за сообраќај привремено беа затворени трите коловозни ленти.

На терен се екипи на полицијата кои го регулираат сообраќајот. Се препорачува внимателно возење.

Фото: Република