Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе положи заклетва пред пратениците од старото свикување на Собранието на Србија за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА од Белград.
Денеска ќе се одржи единаесеттата специјална седница на Народното собрание на Србија, на која претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата во вториот мандат.
По полагањето заклетва, претседателот ќе се обрати пред пратениците, а на седницата не е предвидена расправа.
Мандатот на Вучиќ истекува на 31 мај, со оглед на тоа што тој ја презеде функцијата истиот ден во 2017 година.
МИА