Како што дознава локален „The Tribune“, Чаухан го снимал своето последно возење и најавил дека ќе се обиде да вози со 300 километри на час. „Ќе забрзам до 300 км/ч и ќе видам дали може да се вози и побрзо“, рекол во снимката.
25-годишниот јутјубер, Агастај Чаухан на својот канал „Pro Rider 1000“ имал повеќе од 1,3 милиони претплатници кои ги забавувал со снимки од возење на мотор. За жал, во своите настојувања да вози се побрзо, доживеал сообраќајна несреќа во која смртно настрадал.
Како што јавува локалната полиција, тој на потегот од Агра во Делхи возел со 300 километри на час и во еден момент изгубил контрола над мотоциклот. Се движел во група од пет мотоциклисти. Удрил во разделник на патот, изгубил контрола и паднал во полна брзина. Моторциклот е уништен до непрепознатливост, а во целост е уништена дури и кацигата. Чаухан на самото место бил прогласен за мртов.
tocka.mk