Пред денешната седница на комисијата за прашањата за изборите и именувањата важно е да се потенцираат две работи:
Прво, добро е што по неколкумесечен застој денеска ќе се разгледуваат предлозите за уставни судии,
Второ, лошо е што ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од партиски инсталации во судството, нешто што беше нивна одлика за време на 11 годишниот режим.
Тоа се гледа и по нивните предлози за нови уставни судии, истакна на денешната прес конференција Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Меѓу предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за уставни судии е Саво Климовски – докажан бранител на режимот.
Саво Климовски беше еден од говорниците на протестите пред 27 април кога ги хушкаше граѓаните да се спротивстават на промената на власта.
Неговиот син Александар Климовски исто така бранител на режимот, денес е стратешки соработник на Христијан Мицкоски.
Понатаму ВМРО-ДПМНЕ ја предлага Родна Живковска, мајка на Иван Живкоски, некогашен партиски избран лидер на студентите, денес претседател на Совет на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и адвокат на градското јавно претпријатие Лајка.
Како предлог за уставен судија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е и Весна Јовановска, некогашна пратеничка од оваа партија.
Еве како ВМРО-ДПМНЕ го замислува Уставниот суд, како место за згрижување на свои партиски кадри, нешто слично што го прави со секоја институција со која раководи нивен кадар.
Уставниот суд е најважните органи во македонското правосудство и тој со месеци е без предвидениот број на членови.
Важно е да се изберат докажани, професионални личности кои ќе бидат чувари на уставниот поредок.
Во Комисијата очекувам конструктивна дебата, усвоените предлози потоа да се најдат на пленарна седница, да се изберат четворица уставни судии со што Уставниот суд ќе продолжи со работа во интерес на уставот и на граѓаните.