Генчовска најави оставка

0
471

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска најави дека ќе поднесе оставка, поради тоа што дознала дека премиерот Кирил Петков водел разговори со европски дипломати за тргање на ветото за Северна Македонија.

Генчовска за БТВ изјави дека во текот на денот ќе ја депонира нејзината оставка до Собранието, поради што не знае дали таа ќе присустува на престојната средба со германскиот премиерт Олаф Шолц, кој в сабота доаѓа во посета на Скопје и Софија.

Генчовска додаде дека постојат записи за средби на премиерот Кирил Петков со европски дипломати на темата Северна Македонија. Таа нагласи дека од секоја средба има стенограми, со различен степен на доверливост и додае дека таа лично не присустувала на сите средби кои Петков ги имал со европски дипломати.

 

Радио Слободна Европа