Инфлацијата во САД највисока во последните 40 години

0
489

Инфлацијата во мај во САД достигнала стапка од 8,6 отсто, што е нов рекорд во последните 40 години. Растот на цените претходно во април изнесуваше 8,3 отсто, соопшти Министерството за труд.

Месец за месец, цените се зголемија за еден отсто во текот на април, а растот беше 0,3 отсто во текот на март.

Инфлацискиот шок се препишува најмногу на повисоката цена на горивото. Цените на енергијата се зголемија најмногу – за 34,6 отсто на годишно ниво.

Цената на храната е со пораст од 10,1 отсто на годишно ниво, но и таа е највисока од март 1981 година.

Високата инфлација во САД врши голем притисок врз семејствата кои треба да платат многу повеќе за храна, бензин и кирија и ја намалува нивната способност да плаќаат за други услуги и стоки, како што се фризерите и електрониката.

извор: Фактор 

фото: unsplash.com