Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ порача дека јасно и гласно на 18-ти јуни на Ковачевски ќе му биде преточено каде му е местото. Уште на локалните избори граѓаните на СДСМ му покажаа каде му е местото со победата на ВМРО-ДПМНЕ.
„За жал се уште СДСМ и ДУИ се на власт. А, токму тоа Македонија ја чини многу пари. Многу јад и чемер гледа Македонија во нивното владеење. Но, јас искрено сум оптимист и мислам дека се броени деновите на оваа Влада и дека на есен ние ќе имаме предвремени парламентарни избори“, истакна Пандов, додавајќи дека листата на штетните политики на оваа власт кон Македонија е премногу долга, и верува дека македонските граѓани едвај чекаат предвремени избори за да го разрешат СДСМ од власт.
Пандов додаде дека македонскиот народ треба да излезе и да протестира бидејќи власта многу штета направи на Македонија со штетните политики. Националните понижувања кои што се случија на македонските граѓани, задирање во македонскиот идентитет, бришење на правото да македонскиот граѓанин е Македонец надвор од Македонија, неправди во правосудството, корумпирано правосудство, лоша економија, висока инфлација, се само дел од причини поради кои граѓаните треба да излезат на 18-ти јуни на протест.
Во текот на емисијата Пандов посочи дека последното видео каде што Ковачевски се смее и молчи на коментарите на премиерот на Албанија е голема навреда за македонскиот народ. Не може премиер да премолчи на коментарите каде што се навредува државата.
„Тој човек нема политички капацитет. За да си премиер треба да си спремен политичар. Ковачевски покажа дека не е спремен за да остане премиер на Македонија“, појасни Пандов.
„А, да не говориме за инфлацијата во Македонија, завчера читав дека 8.1% е европскиот просек, а во Македонија околу 12%, односно поточно е 11.9%, тоа е скоро 50% поголема инфлација имаме ние од Европа. Податоците во економијата за Македонија се застрашувачки“, нагласи тој.
Пандов порача дека и двојката на Ковачевски добиена од граѓаните школски е чиста единица. Иако Ковачевски е над 100 дена премиер на Македонија за жал не направи ништо за граѓаните, напротив државата ја втурна во поголема сиромаштија.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ