БиХ: Оштетени надгробни споменици на партизанските гробишта во Мостар

Неидентификувани лица ги нападнаа и оштетија Партизанските меморијални гробишта во Мостар, на југот на Босна и Херцеговина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во нападот на гробиштата, еден од националните споменици во земјава, оштетени се сите надгробни споменици на тој простор.

„Со име и презиме ќе ги именуваме сите кои ги сметаме за одговорни за уништувањето на партизанските гробишта. Се соочуваме со најголемиот напад досега“, изјави за АА Сеад Ѓулиќ, претседателот на Здружението на антифашисти и борци од НОБ.

Локалните медиуми објавија вести во кои градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, информирајќи дека на Партизанските спомен-гробишта имало 700 надгробни споменици, соопштил дека гробиштата ќе се реновираат.

Спомен-гробиштата на партизаните во Мостар се изградени 1965 година. Во нив се погребани партизани загинати во Втората светска војна.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).