(ФОТО) Пецаков и Чавушоглу присуствуваа на собирот на турското население од Македонија

0
308

Имав чест да го пречекам министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу кој присуствуваше на собирот на турското население од Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додаде:

Ова претставува големо задоволство за мене, бидејќи турското население е составен и нераскинлив дел од животот во Охрид.
Заеднички и сложно ќе продолжиме да го градиме и развиваме Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков

фото:  ФБ Кирил Пецаков