(ВИДЕО) Доделена донација од ДЗС за пожарните станици во Охрид и Струга

-Ние како општина Охрид во изминатиов период почнавме да вложуваме во пожарната, посебно во оспособување на  возила кои што не функционирале претходно а секако и во наредната година ќе го зголемиме тој дел од помошта за противпожарната единица и зголемување на капацитетите и оние работи кои што се за нормално функционирање. Разговаравме со директорот за опремување со облека и соодветна опрема за на терен , како за шумските пожари така и за теренските активности, за заеднички да можиме да вложиме во наредниот период и се надеваме дека уште наредната година ќе имаме приближно до максимално опремена противпожарна единица која што ќе може во секое време да реагира, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Ваквата донација за Охрид и Стуга е секако значајна, бидејќи станува збор за два градови во кои што се случува често за поголеми настани да си помагаме едни на други , така да верува и убеден сум дека ова ќе ја зголеми ефикасноста на двете противпожарни единици, додаде Пецаков.