Полицијата уапси осомничен напаѓач кој уби шестмина на парадата на 4 јули во САД

0
307

Полицијата уапси осомничен по масовното пукање во кое загинаа шестмина на парадата на Денот на независноста на САД во богатото предградие Хајленд Парк надвор од Чикаго. По кратка бркотница со автомобил, Роберт Кримо (22) е приведен „без инциденти“, изјави на новинарите началникот на полицијата во Хајленд Парк, Лу Џогмен. Тој беше означен како „осомничен“ за пукањето, но по неговото апсење, полицијата рече дека верува дека тој и го извршил. Официјални лица соопштија дека околу дваесетина лица, вклучително и деца, се згрижени поради повреди од огнено оружје, а некои се во критична состојба.

 

Радио Слободна Европа