Приведен инспектор од УЈП, побарал и примил пари за да изврши противправно службено дејствие

0
433

На 06.07.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција заедно со СВР СКОПЈЕ – Единица за економски и компјутерски криминал, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи. Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.

извор: МВР
фото: NEWS1.MK