Почина младо лице од кичевско при изведување градежни работи

0
302

На 06.07.2022 година во 17.40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69) од селото Србица, се здобил со тешки телесни повреди, по што во болницата во Тетово им подлегнал на повредите. Извршен е увид и по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на семејството.

извор: СВР Охрид

фото: Архива