На 16.07.2022 година, во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (25) години од Кичево, одговорно лице во угостителски објект во Охрид.
Тој, претходно им се спротивставил на полициските службеници кои, со фонометар извршиле мерење на бучавост од гласна музика во објектот и констатирале бучавост од 79 децибели односно зголемување од максимално дозволената од 55 децибели.
По целосно документирање на настанот, против одговорното и против правното лице, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
СВР Охрид