Синоќа 4 странски државјани го нарушиле јавниот ред и мир во кафе бар во Охрид, повредено едно лице

На 16-07-2022 година околу 01 часот, во кафе бар во Охрид, четири лица странски државјани, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет повредил лице на  (34) години  од Охрид.
Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување.
СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
СВР Охрид