На Википедија Бујар Османи стана „Бугар Османов“

Непознат администратор во текот на денов ја менуваше содржината на англиската страница на Википедија на министерот за надворешни работи и на местото на неговото име, Бујар Османи, пишуваше Бугар Османов.
Минстерот за надворешни работи е предмет на критики во Македонија поради удоволувањето на бугарските барања па затоа администраторите на Википедија се пошегуваа со неговото име кое доби бугарски назив.

Само за неполн час беа направени 12 промени на страницата на Wikipedia на англиски јазик.

Во еден момент реагираа администраторите и ги избришаа навредите. Моментално профилот е со оригинална содржина.

фото:PRTSC Wikipedia