Шаховски робот кој играше на Московскиот шаховски опен во минатата недела, очигледно бил вознемирен од брзиот потег на неговиот 7-годишен противник и реагирал така што го фатил прстот на момчето и го скршил. „Роботот му го скрши прстот на детето“, потврди Сергеј Лазарев, претседател на Московската шаховска федерација во коментар за ТАСС, додавајќи. „Ова е секако лошо’. Инцидентот првпат го објави државната новинска агенција РИА Новости. На видеото споделено на Telegram се гледа како роботот отстранува шаховска фигура од таблата.
Момчето потоа прави потег и роботот го фаќа прстот на детето со својата механичка рака и се чини дека го закачува на таблата. Неколку возрасни потоа брзаат да го ослободат момчето.
Радио Слободна Европа