ЈП Национални шуми со апел за зачувување на шумите од пожари

Од 24 јуни оваа година, во сила е Делумната забрана за движење во шума, но и покрај воведената мерка, сведоци сме на зголемен број на шумски пожари, секако заради фактот дека во текот на летниот период, високите температури одат во прилог на настанувањето на шумските пожари
Во гаснењето и локализирањето на пожарите учествуваат голем број на вработени од сите подружници на ЈП Национални шуми, кои во услови на екстремно високи температури, на тежок и често непристапен терен, со огромни напори се борат да се справат со огнените јазици на пожарите.
ЈП Национални шуми АПЕЛИРА до сите граѓани, во текот на престој во природа, како и при изведувањето на земјоделски работи да не се пали оган на отворено, затоа што може да се прошири и предизвика шумски пожари, чии штети можат да бидат непроценливи, информираат од ЈП Национални шуми.