Од следната недела ќе се дистрибуираат сведителствата до училиштата

Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидетелствата до сите училишта во државата, изјави денеска директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

– Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидетелствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од  деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето натамошно образование. Дистрибуцијата на свидетелствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава, вели Хасипи.

 

nezavisen.mk