Двојнатата победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и Маврово Ростуше е уште една потврда за исправните, вистински политики кои ги спроведуваме.
Граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака: сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности.
Граѓаните во тешки времиња знаат да препознаат дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Политики за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, на одговорност и посветеност.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ доживеаја уште еден изборен пораз.
Нарачуваа анкети на кои лажно тврдеа дека водат двојно, се потврди дека тоа воопшто не е така туку дека ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка кај граѓаните.
Постојано Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ верглаа само за избори и ништо друго.
Имаше вонредни локални избори во две општини и во двете општини ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл.
Кандидатот на СДСМ уверливо и со голема разлика победи во Маврово Ростуше над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа.
Во Центар Жупа ВМРО-ДПМНЕ е поразена затоа што сакаше да пропаднат изборите со тоа што ги бојкотираа, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови.
Во третата општина каде што се спроведуваа избори за советот, Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има континуиран и драстичен пад на гласовите од минатите избори а бројот на советници во советот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ останува непроменет.
Се е јасно: на првото изборно соочување Христијан Мицкоски доживеа пораз од Димитар Ковачевски.
Граѓаните повторно му порачаа на губитникот Мицкоски дека не сакаат деструкции и блокади.
Европска Македонија е единствениот апсулутен победник на овие избори.
извор: СДСМ
видео: СДСМ