Владата на СДСМ е жестоко делегитимирана од огромен број на граѓани.Односот на гласови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Тетово е два спрема еден, во советници е четири спрема два, ако тоа го пресликаме на ниво на Македонија односот и во гласови и на анкетите е 400.000 гласови за ВМРО-ДПМНЕ, 200.000 гласови за СДСМ. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот би имала 55 пратеници, СДСМ 27 со целата нивна коалиција, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ има во моментот 50 градоначалници, СДСМ 10. Во 10 најголеми градови во Македонија власта е тотално делегитимирана и во Скопје, вчера во Тетово, претходно во Гостивар, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Велес, Кочани, Кавадарци и на многу други места.
Тоа значи дека час поскоро Македонија треба да оди на избори. Час поскоро Македонија треба да добие влада која што е способна и одговорна која што ќе ја носи Македонија низ оваа тешка, жесто криза која што претстои, а за која што власта е тотално неподготвена.
Поразителен е фактот дека власта на СДСМ и Ковачевски треба по три пати да повторува избори како што се Центар Жупа и Маврово Ростуше за да има доволно гласови, затоа што за време на Зоран Заев и Ковачевски народот масовно се иселува. Има егзодус, нема доволно луѓе да излезат на гласање и три пати треба да се повторуваат изборите за да се избере градоначалник, рече Ѓорчев и додаде:
„Исто така треба да се каже дека за жал Ковачевски може да победува само исклучиво кога е единствен кандидат. Единствен кандидат беше Зоран Зев за претседател на СДСМ и доби 99 проценти гласови, единствен кандидат на предлог на Зоран Заев за претседател на СДСМ беше Ковачевски и доби 99 проценти од гласовите, и вчера прогласува победа која што не е негова. Победата во Центар Жупа е на Демократската партија на Турците, а Ковачевски е само споредна улога која што сака да се качи на бранот на таа победа.
Но, важно е дека во најголемата општина каде што вчера имаше избори победи ВМРО-ДПМНЕ.
Во Маврово Ростуше поради притисоците на власта, поради купувањето на гласови, поради издавање на гласачи на СДСМ на пасоши, лични карти, лични документи само во еден ден, а оние кои што гласаат за опозицијата не можат со недели да ги добијат, затоа власта со тој жесток пресинг и притисок имаше некаков резултат во Маврово Ростуше.
Но, победата е убедлива и голема во најголемата општина и најголемиот град каде што вчера имаше избори. Според пописот минатата година според број на жители, ова се бројките, Центар Жупа 3700 жители, Маврово Ростуше 5000 жители, општина Тетово 85.000 жители.
Во најголемата општина во Тетово соодносот ВМРО-ДПМНЕ СДСМ е два спрема еден, БЕСА го победи ДУИ и доминира опозиционото расположение.
ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, благодарност до граѓаните и ајде час поскоро да одиме на избори.
Македонија треба и мора да гласа.
Македонија заслужува подобра влада“.
извор: ВМРО ДПМНЕ
видео: ВМРО ДПМНЕ