Во Македонија 72% од луѓето се информираат од портали

0
266

Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Северна Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат.

Од земјите во регионот, повеќе од македонските граѓани, вести на интернет читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77), а помалку Албанците (58 отсто), објави plusinfo.mk.

Во ЕУ, девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 години, користеле интернет минатата година, а најмногу за читање вести.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу корисници на интернет кои читаат онлјан вести се регистрирани во Финска (93 отсто), Литванија и Чешка (92 отсто) и Хрватска и Грција (90 отсто).

Најмалку читатели на вести на интернет има во Романија (59 проценти), Германија (62 проценти), Франција (63 проценти), Италија (64 проценти) и Белгија (67 проценти).

Текстот во целост на: plusinfo.mk.