Лавиринт од српски до косовски документи

Граѓаните на српската заедница од северот на Косово од денеска ќе имаат рок од два месеца за да ги пререгистрираат своите автомобили со таблички РКС, односно Република Косово. Сандра Цветковиќ

Косовскиот премиер Албин Курти засега не се откажува од спроведувањето на оваа одлука на неговата Влада, која требаше да стапи на сила на први август, но беше одложена поради барикадите поставени од локалните Србите на север.

Се планираше истовремено да стапи во сила и одлуката за воведување реципрочни мерки кон Србија во однос на личните документи, но со Србија беше постигнат договор во рамките на дијалогот за нормализација на односите.

Сепак, постојат бројни проблеми на терен со кои се соочуваат припадниците на српската заедница при добивање на косовски документи, што може да биде проблем и за пререгистрација на автомобилите.

 

Тадио Слободна Европа