(ВИДЕО) Киднапирана ќерка на милјардер додека џогирала во Мемфис

Елиза Флечер (34), наставничка и мајка на две деца, која е и наследничка на хардверска компанија вредна милијарда долари, е киднапирана, а безбедносните камери снимиле црн џип на местото каде што исчезнала!

Полицијата соопшти дека добила пријава дека оваа жена, ќерка на милијардер, била киднапирана додека џогирала во близина на универзитет во САД. Елиза Флечер (34) во петокот одела на утринско трчање кога наводно ја турнале во црн теренец.
Според извештаите на сведоците, таа џогирала во близина на улицата Зак Курлин во Мемфис околу 04:20 часот кога се случило киднапирањето.

Според изјавите на сведоците, дошло до кратка тепачка меѓу неа и киднаперите пред да ја турнат во возилото. Флечер е наследничка на богатство од милијарда долари, а треба да го наследи и семејниот хардверски бизнис, Orgil Inc.

 

slobodenpecat.mk