Генералниот секретар на НАТО, попладнево ќе одржи вонредна прес-конференција

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, во 18 часот ќе одржи непланирана, односно вонредна прес-конференција, објави Фактор.

Во моментов актуелно е потпишувањето на рускиот претседател Владимир Путин на указите за припојување на четирите украински реони кон Русија, како и истекувањето на природен гас на четири места на гасоводите Северен ток 1 и Северен ток 2.

Засега се уште не е позната причината за вонредното обраќање за шефот на НАТО.

извор: Фактор.