Лидерите на европските земји в четврток се среќаваат во Прага

0
332

Лидерите на земјите од европскиот континент ќе се соберат утре (четврток) во Прага, на првиот состанок на Европската политичка заедница (EPC), известува Агенција Анадолија (АА).

Состанокот ќе се одржи на 6 октомври, а повикани се претставници на 27 земји членки на Европската Унија (ЕУ) и 17 земји кои не се членки.

Покрај земјите членки на ЕУ, се очекува на состанокот да присуствуваат претставници од Туркије, Велика Британија, Северна Македонија, Норвешка, Украина, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Исланд, Косово, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора, Србија и Швајцарија.

Идејата за EPC во мај ја претстави францускиот претседател Емануел Макрон, а се однесува на имплементација на политичката формација во Европа пошироко од ЕУ.

Се очекува на состанокот да се разговара за влијанието на војната, која во Украина започна по руската инвазија, на стабилноста и безбедноста во Европа, енергетиката, економијата, трговијата, транспортот, инвестициите и инфраструктурата.

Планирано е заедницата да се состанува на секои шест месеци на ниво на лидери.

На првиот состанок на заедницата во Прага преку видеолинк би требало да се приклучи и претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

Лидерите ќе се собираат во попладневните часови, по што ќе се одржуваат тркалезни маси.

Се очекува на сесиите да се разговара за мирот, сигурноста, енергетиката, климата, економската ситуација, миграциите и транспортот.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).