Софија Лорен отвори нов ресторан во Милано, изгледа беспрекорно и на 88 години

0
207

Легендарната италијанска актерка Софија Лорен неодамна присуствуваше на отворањето на нејзиниот нов ресторан „Софија Лорен“ во Милано.

Прекрасната Италијанка има фантастичен моден стил кој го негува со децении, па така и за оваа прилика таа облече убава модна комбинација – бел костум, сатенска блуза со слична нијанса и елегантни црни чевли.

Софија Лорен е позната по своите модни додатоци, така што и овојпат се одлучи за раскошни парчиња дијамантски накит.

Имено, внатрешноста на ресторанот „Софија Лорен“ е своевиден времеплов низ кариерата на 88-годишната актерка, а гостите ќе имаат прилика да консумираат вкусна традиционална храна од италијанската кујна.

Софија Лорен е сопственичка на уште ваков ресторан во Фиренца.

 

slobodenpecat.com