Најмалку 11 лица загинаа, а уште 15 се ранети вчера на воен полигон во областа Белгород, во југозападна Русија, кога двајца напаѓачи отвориле оган врз група доброволци кои сакале да се борат во Украина, јавија руските медиуми.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека двајцата напаѓачи се убиени по нападот во областа Белгород, која граничи со Украина.
За нив се кажува само дека се државјани на поранешна советска република, но не се даваат конкретни детали за идентитетот.
миа