Пешевска: Собранието е нефункционално зошто СДСМ не сфаќа дека е на власт и го крши Деловникот при изборот на уставни судии

СДСМ не сфаќа дека шеста година е на власт. Комисијата за избори и именувања не закажуваше седници, а ние конструктивно работиме, рече Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма, а говорејќи за актуелната ситуација во која се кршат правните норми при процедурата за кандидатите за уставни судии.

„Деловнички треба да се разгледаат сите кандидати за уставни судии ако се под една точка, а не да се двојат по желба на претседателката на Комисијата и затоа таа треба да одговара. Да беше одговорна претседателката на Комисијата ќе дадеше образложение барем за сработеното во Собранието, а не само тоа, таа не беше воопшто присутна“, рече Пешевска.

Недозволиво е, вели Пешевска, единствен критериум за уставен судија да е тој дека треба да биде истакнат правник, нешто што може широко да се толкува. И тоа е недозволиво.

Пешевска се осврна и на предлотот за измени на законот за невладини организации и граѓански здруженија. Таа посочи дека Владата не реагира ништо за спорните здруженија и затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага да може истиот да важи ретоактивно.

„За отворените здрженија има низа на реакции, дури и меѓународно и мора да има соодветна реакција и во земјава“, посочи Пешевска.

Пратеничката поасочи дека СДСМ сега сака да направи политички дефокус со искривување на тези за да го сокрие фактот дека се со скршена политичка кичма пред Бугарија и по цена на отворање на клубови кои промовираат фашизам.

Пратеничката ја коментираше и работата на Собранието.

„Нивото на дебата е многу ниско, иако имало и некои светли точки. Но, нашата активна блокада е поради злоупотреба на европско знаменце, немаше пратенички прашања девет месеци или поради неодговорното однесување на мнозинството“, рече Пешевска.

извор:ВМРО ДПМНЕ

фото:ВМРО ДПМНЕ