Лекар во Белград наместо со БСЖ вакцина, вакцинирал бебиња со физиолошки раствор

Наместо БЦЖ вакцина, 600 бебиња на ГАК во Белград добија солен раствор, соопшти вчера новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ.

– 600 бебиња во периодот од септември до октомври во ГАК Народни фронт добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина. Децата не се изложени на ризик – изјави Грујичиќ.

Вели дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период.

Таа посочи дека грешката ја направила медицинска сестра, како и дека директорот на ГАК „Народни фронт“ понудил оставка, но таа не била прифатена.

Министерката соопшти и дека се назначени тројца лекари кои ќе се погрижат правилно да се изврши вакцинацијата.

 

аlo.rs