Игор и Илина љубовта ја продолжија преку „жица“

Нашата позната планинарка и уметница изминативе два месеци е отсутна од дома, и во новото видео што го објави на Инста всушност сподели каде е сега и што прави. Илина се јави од Америка и рече:

-Добар ден, еве да споделам дека од неодамна сум студент на докторски студии на Универзитетот во Тенеси, и не само што сум студент туку сум и професорка.

Па, кој доаѓа навака, пријавете се, ќе одиме на кантри музика и на америкснакси фудбал“, кажа Илина во видео пораката и додаде:

-За сите оние кои прашуваа кои се моите следни аспирации и цели, епа, ова е тоа долго очекувано, сега му дојде и редот“, рече Илина а до ова видео таа напиша:

– За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот.

Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.

Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, рече Илина од Тенеси.

Таа доби голема поддршка од своите следбеници и пријатели, а Игор Џамбазовв не коментираше на оваа обава. Тој неодамна на Инстаграм кажа дека веќе два месеци „боледува“ од Илинопатија, тоест пати по Илина.

 

info7.news