Баба Ванѓа предвидела интересна работа за Македонија

0
511

Предвидувањето на Баба Ванѓа за Македонија за кое долго се раскажува и зборува:

Легендарната претскажувачка Ванѓелија Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа во едно свое претскажување предвидела дека Македонија ќе има финансиски проблеми се додека не почне со работа рудникот ”Алшар”.

Ова таа му го кажала на извесен С. Синадиноски кој ја посетил Баба Ванѓа во деведесеттите години од минатиот век, кога бил ангажиран на одредена функција во Владата на Република Македонија.

Според негови познаници тој кај Баба Ванѓа бил приватно, но покрај тоа прашал и добил одговор и за Македонија. Одговорот од познатата претскажувачка бил дека нашата држава ќе биде во криза, се до оној момент додека власта во земјата не го даде рудникот ”Алшар”, кој е единствено наоѓалиште на талиум во светот.

Интересно е што Ванѓа во дел од нејзините предвидувања за милениумот пред нас, претскажала дека планетата Земја покрај познатто Сонце. ќе ја грее вештачко сонце (најверојатно мислела на некој неисцрпен извор на енергија ), а соред научниците токму со талиумот може да се дојде до неисцрпен извор на енергија.

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит.

 

 

 

 

aktuelno24.com.mk