Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари за литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 99 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 90,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за еден денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 96 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 останува иста, односно 92,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,584 денари за килограм и сега ќе изнесува 50,067 денари.
РКЕ