Чистење на опожарени површини од страна на ЈП Национални шуми

Подружница Равна Река – Пехчево, во овој период интензивно продолжува со работа на санирање на опожарената површина во шумско стопанската единица Буковиќ Бајаз Тепе, која беше опожарена во минатогодишните катастрофални пожари кои го зафатија овој регион. Заклучно со месец септември оваа година, подружницата има посечено и продадено вкупно бруто дрвна маса во количина од 8566 м3 од кои 3806 м3 техничко дрво, 4117 м3 огревно дрво и 643 м3 отпад собран после сеча. На некои делови во опожарената површина веќе се забележува и природна обнова од различни дрвни видови – бор, даб, јасика, разни видови на врби и други дрвни видови, информираат од ЈП Национални шуми.