Семејството си ја земало злоставуваната бабичка, која една година престојувала во домот за стари лица во Пеќ, соопштуваат косовските медиуми.
Нејзините блиски не знаеле дека таа била малтретирана, се до денеска, откако беше објавено видеото во јавноста.
Во меѓувреме, со реакција на социјалните мрежи излезе Антон Расај, акционер во пеќкиот дом, кој се извини за случајот.
Се извинуваме за снимките кои не погодија сите. Јас Антон Расај, денес како најголем акционер во компанијата Оренда во Пеќ случајно бев овде со моето семејство. Итно ги презедов сите дејствија. Јас сум инвеститор, заработените заштеди во странство одлучив да ги вложам со семејството во мојата татковина. Вработивме луѓе и се погриживме да отвориме работни места за нашите сонародници и да обезбедиме максимално професионално однесување од персоналот во нашиот центар, но ситуацијата, односно инцидентот не остави без зборови. Немам зборови да опишам како се чувствував, кога го видов однесувањето на медицинските сестри, објави преку социјалните мрежи Антон Расај.
поврзани вести
(Вознемирувачко видео) Медицински сестри тепаат бабичка во домот за стари лица