Полициски службеници синоќа ул.„Орце Николов“ во Скопје го привеле Е.Д., кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
извор: МВР