Мицкоски ги обелодени документите за заемот од 100 милиони евра: Власта е условена да го затвори Осломеј и РЕК Битола, власта ја манипулира јавноста

На денешната трибина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски ја демантираше власта каде што тие тврдат дека лажел за затворањето на РЕК Битола.

„Според власта сум лажел за тоа дека тие ќе го затворале РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ова е почитувани присутни договорот за заем, помеѓу заемодавателот и АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ. На следниот слајд се практично предвидени роковите и условите, и од таму може да се заклучи дека каматната стапка со која што тие планираат да го земат овој заем е шестмесечен ЕУРИБОР, 1% каматната стапка интересот и  1% е практично почетната провизија за обработка на овој кредит од прилика. Или тоа е ако во моментов шестмесечниот ЕУРИБОР од прилика 2,3% значи вкупната каматна стапка би била 4.3%. Тоа се условите“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Одат чекор понатаму да го прецизираат и вели Владата е гарант на исполнување на одредбите од овој заем во износ од 100 милиони евра во рокови и услови предвидени во договорот за заем. Е, сега кои се условите, на следниот слајд е дадено каде ќе ги трошат парите. Па, парите ќе ги трошат 20 милиони евра на оперативни трошоци, плати итн. 55 милиони евра набавка на електрична енергија, па нели бе господа произведувате се што е потребно на граѓаните. Зошто, чуму ви е 55 милиони евра ако вие произведувате? Нели така беше сценариото дека они ќе произведат онолку енергија онолку колку што граѓаните трошат. Зошто сега се овие 55 милиони евра потребни? Понатаму вели сервисирање на долгови – 24 милиони евра, читајте ги оние договори во четири очи за ископ, мазут, и така натаму, кои што се правеа во четири очи помеѓу едниот Ковачевски од името на другиот Ковачевски со други учесници во сето ова“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа се условите каде ќе ги троши власта парите.

„Но, за да дојдат до тие пари и да ги трошат, тие треба да се обврзат, тоа се овие два слајда на две работи. Односно на четири работи да бидам попрецизен, вака кои што се суштински. А, тоа се точка 5 3 3 од условите па вели – деактивирање на постоечката термоелектрана на јаглен Осломеј и термоелектрана Битола, и стопирање на сите активности за ископување на јаглен во поврзаните рудници за јаглен или натамошни истражувања за јаглен. Термоелектраната Осломеј да се деактивира до крајот на 2023-та година, а термоелектраната Битола до крајот на 2027-мата. Еве кој лаже, кој краде, а кој ја зборува вистината“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека меѓудругото се обврзува власта дека до крајот на 2025 година ќе синхронизираат мрежа или поедноставно ќе пуштат во работа производен погон за електрична енергија од обновливи извори на енергија кои што ќе бидат дел од производството на АД ЕСМ, поранешна АД ЕЛЕМ или ќе биде јавно приватно партнерство со некој приватен инвеститор.

извор: ВМРО ДПМНЕ