Актерот Џејсон Момоа (43) гостуваше во емисијата ‘Jimmy Kimmel Live’ и со својот потег ја изненади целата публика.
Џејсон влезе во студиото во розево долго палто и виолетов свилен костум, по модел на еден од неговите ликови, а се почести и со пиво.
Џими Кимел и актерот имале интересен и хумористичен разговор во кој водителот рекол дека се чувствува безбедно кога Џејсон е до него и дека може да ги спаси сите. Разговорот го продолжија со темата за многуте тетоважи на Момоа, а покажаа и фотографија од актерот која стана популарна меѓу женската популација, фотографија на која рибари во танга.
Џејсон објасни дека неговиот моден избор е всушност традиционален хавајски костим и дека е исклучително удобен. Тој кажа и дека постојано го носи под облеката, што го покажа и во емисијата.
Актерот се соблече и уште еднаш ги остави без здив сите жени во студиото, но и зад малите екрани.
index.hr