Новиот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази стапи на должност

Со заклетвата пред Советот на Јавните обвинители, ветувајќи дека чесно и професионално ќе ја извршува функцијата, обвинителот Ислам Абази го зпаочна својот прв работен дено како нов шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција.

Додека траеше изборот за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во јавност не се појавил бидејќи како што рече, сакал за ја си ја заштити својата и приватноста на неговото семејство. Повторно тврдеше дека нема блиски релации со функционери од ДУИ и дека сликите кои се појавија во јавноста се од свадби и случајни средби во Зајас и дека нема да влијаат врз неговата работа да гони организиран криминал.

-Зајас е село и се случува заедно да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба и настани. Сме се сретнале со тие луѓе и тоа е тоа. На тие средби не зборуваме со тие луѓе за предмети ниту за политика, изјава – Ислам Абази – Нов шеф на ОЈО ГОКК.

По заклетвата пред Советот, Абази се упати кон канцелариите на Обвинителството каде и однесе букет цвеќе и кафе на досегашната шефица Вилма Русковска. Средбата со неа траеше кратко, по што ја испрати. Русковска го упатила во предметите што се од интерес за јавноста а пред медиумите сега суспендираната обвинителка рече дека додека очекува да биде отхфрлена кривичната пријава против неа, приоритет и е здравјето.

 

извор: Канал 5

фото: Канал 5