Полициски службеници од Единицата за специјални задачи „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре од 11 часот, на потегот од каналот „Студенчишта“ кон пешачката патека во Охрид, ќе спроведат тактичко показна вежба.
Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и хеликоптерската единица на МВР а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата.
Пред почетокот на вежбата, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје каде ќе се изведуваат вежбовните активности со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Упатуваме апел до граѓаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници
Вежбовни активности на Единицата за специјални задачи „Тигар“ во Охрид ќе има и во текот на идната недела за што, навременео ќе ја информираме јавноста.