Томовски:Директорите на ЕСМ и МЕПСО Ковачевски и Муртезани се наградени со 1.700 евра плата месечно, а ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН

Директорите на ЕСМ и МЕПСО Ковачевски и Муртезани се наградени со 1.700 евра плата месечно, а ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН.

Ковачевски и Муртeзани се паразитите во ЕСМ и МЕПСО.

ЕСМ на ден купува и над 3.000 мегават часа струја, по цени и над 250 евра, тоа се 750.000 евра на ден кои се одлеваат како девизи од државата, а тоа е така затоа што не работат РЕК Битола и РЕК Осломеј со полн капацитет. Но, тоа не е проблем Ковачевски да зема плата од 1.700 евра месечно, односно над 20.000 евра годишно, истакна на денешната прес конференција Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Ковачевски за еден мандат ќе ја чини државата над 80.000 евра, придонесот негов не е ниту нула, туку е далеку под нула.

Исто е и со Орхан Муртезани, кој како државен паразит зема 80.000 евра плата за еден мандат на чело на МЕПСО.

На линија паразити во енергетскиот сектор од ЕСМ и МЕПСО Ковачевски и Муртезани е и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални Енергетски Ресурси, кој месечно зема 1.300 евра плата, и за една година од оваа државна компанија наплаќа 15.000 евра.

Реџепи од НЕР, за еден мандат ќе ја чини државата 60.000 евра, а никој не знае кој е неговиот придонес.

Кој е придонесот на сите директори во енергетските претпријатија кои ја чинат државата стотици илјади евра, а Македонија дневно одлева по 750.000 евра за купување на струја за регулираниот пазар?

Што сработиле Ковачевски, Муртезани и Реџепи за Македонија? И за граѓаните од чии даноци земаат плата од десетици илјади евра годишно?

Затоа веднаш по смена на власта, ќе биде направена ревизија на платите. Не смее да има преплатени работни места и мора да има резултати.

Функционерите на власта, паразити кои немаат никаков допринос за државата се луѓето кои сакаат оваа власт да остане, за да можат да продолжат со луксузниот живот. А народот е тој кој бара промена за да има подобра иднина. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори.

извор: ВМРО ДПМНЕ