ВРЕМЕПЛОВ -Настани на денешен ден, 23 ноември

1831 Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.

1944 По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

1971 Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.

1995 Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа трите главни странки на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.

2003 Грузискиот претседател Едуард Шеварнаѕе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама

 

 

Од Википедија — слободната енциклопедија