Пронајден човечки труп на планината Плачковица на местото „Чаркова река“

Вчера околу 15 часот во Полициската станица Радовиш З.Н. од истоимениот град пријавил дека на планина Плачковица, на местото „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, Радовишко, забележал човечки труп, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информациите од полицијата, трупот подолго време бил на местото каде е пронајден. Бил лоциран на тешко пристапен планински предел, во длабок дол.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот е предаден на обдукција.

извор:МВР