Отворени новите простории на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Бугарскиот културно информативен центар од амбасадата на Бугарија се пресели во нови простории во строгиот центар на Скопје на улицата Никола Јонков Вапцаров.

Со мала свеченост и сечење на лента пред новото седиште на Центарот кој е под капата на бугарското Министерство за култура. Во Центарот е отворена и изложба која опфаќа слики од современи уметници од Македонија и Бугарија, објави 24.mk.

Бугарскиот културен центар во Скопје е основан во 2006 година по Договорот меѓу владите од април 2003 година, ист таков македонски културен центар со години работи во Софија. На отворањето присуствува беше и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков, ресорно министерство во кое е и Бугарскиот КИЦ.

Пред отварањето и за време на настанот улицата Никола Јонков Вапцаров беше под силно полициско обезбедување, и полицајците наредени во кордон не пропуштаа никој да помине додека траеше отварањето.

извор:24.mk
фото:24.mk