(ВИДЕО) Разбиен „суперкартелот“ кој контролираше околу една третина од трговијата со кокаин во Европа

Во заедничка акција на шест земји, во која беа вклучени Европол и американската ДЕА, беше разбиен „суперкартелот“ кој контролираше околу една третина од трговијата со кокаин во Европа! Оваа криминална организација ги водеше работите од Дубаи, каде беше уапсен Един Гачанин, познат и како Тито, синот на Радој Звицер!

Како што соопшти вчера Европол, операцијата наречена „Пустинска светлина“ траеше две години. Во текот на истрагата беа уапсени 49 осомничени, а последната серија рации низ Европа и Обединетите Арапски Емирати се одржаа меѓу 8 и 19 ноември. Во овој период полицијата запленила повеќе од 30 тони дрога!

Апсењата се извршени во Шпанија, Франција, Белгија, Холандија и Дубаи. Од 49 уапсени, седум од нив се сметаат за нарко босови. Еден е уапсен во Шпанија, а дури шест со лисици на рацете во Дубаи. Меѓу нив е и Един Гачанин, познат како Тито, од Сараево, кој важеше за шеф на балканскиот картел.

Европол објави и фотографии и видео од апсењата во Шпанија и Дубаи. На него се прикажани луксузни автомобили, скапи куќи, пари, часовници и други вредни предмети кои газдите на картелите ги купиле со пари од дрога.

Кава кланот на Радој Звичер е исто така поврзан со криминалната организација на Тито. Шпанските медиуми на крајот на минатата година објавија дека „Кавчани“ со одгледување марихуана финансираат транспорт на големи количества кокаин со балканскиот картел на чело со Тито. Во медиумите се шпекулираше дека токму Титови му дале засолниште на Звицер откако избега од Црна Гора по апсењето на Вељко Беливук во Белград!

centar.mk