Откако вулканот Мауна Лоа на хавајскиот Голем Остров се разбудил во неделата по 38 години, тамошните власти ги повикале 200.000 жители да бидат подготвени без разлика на тоа што лавата не им се заканува на куќите.
Најголемиот вулкан на светот, Мауна Лоа, на Хаваите, во неделата нешто пред полноќ по локално време еруптирал и ги шокирал 200.000 жители на Големиот Остров.
Mauna Loa, the largest volcano on the planet, is erupting now on the Big Island of Hawai’i after being dormant for 38 years. Follow along to see footage captured by our team 🌋 pic.twitter.com/6busmUpXJr
— Paradise Helicopters (@Paradisecopters) November 29, 2022
Почнал да исфрла лава и до 60 метри во воздух, а целиот остров е покриен со густ чад и пепел, глетки какви што последен пат од Мауна Лоа биле видени во 1984-та година, пред 38 години.
Властите им порачале на жителите и туристите да се држат подалеку од кратерот на североисточниот дел на вулканот, каде се развиле три пукнатини низ кои продира лавата и за кои се проценува дека се долги околу три километри, пренесува „Daily Mail“.
Иако лавата сè уште не им се заканува на куќите, властите на жителите им порачуваат да се подготват за најлошото можно сценарио и да избегнуваат активности на отворено. Повеќе од третина од жителите живеат западно од градот Каилуа-Кона со 23.000 жители во источниот град Хило со 45.000 жители.
Научниците сепак се надеваат дека течењето на лавата ќе биде повторено сценарио од 1984-та година, кога лавата поради својата вискозност го забавила текот.
Освен Мауна Лоа, уште еден вулкан почнува да се буди и на рускиот полуостров Камчатка. Вулканот Шивелуч е дел од пацифичкиот огнен прстен, а научниците веруваат дека наскоро ќе ја има својата прва моќна ерупција во последните 15 години, пишува „Reuters“.
tocka.mk