Некој во СДС повторно ги мести пратениците од таа партија да држат прес конференции кои се ноторна лага.
Лажна вест е дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ барале со амандман средства за изградба на веќе постоечко училиште.
Таков амандман за каков што зборува СДС нема во процедура, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
СДС се потонати во безидејност. Соочени со резултатите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои се поголеми дури и од тие на централната власт која располага со централниот буџет сеат лаги.
СДС не може да ја смени реалноста, дека Владата пет и пол години нема резултати, дека државата е на врвот на листите на мизерија, дека на половина милион луѓе живеат со по 150 денари на ден.
Реалноста која ја живеат граѓаните, а е сурова и мачна нема да ја променат ниту стенд ап настапите на дезертерот Ковачевски. Премиерот не треба да биде комедијант за да донесе ведрина, туку работник и да донесе успех, а тоа со Ковачевски го нема.
извор: ВМРО ДПМНЕ