Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска се обрати на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во општина Липково.
Пред присутните, Лукаревска истакна дека СДСМ во овој период на светска економска криза успеа да ја спаси економијата и навремено да им помага на граѓаните да се справат со последиците од кризата.
– Во овие 10 месеци реализиравме два пакети економски мерки вредни 760 милиони евра за помош и поддршка на граѓаните. Овие мерки се најголеми во регионот според БДП и гледаме дека дадоа резултат. Од утре компаниите производители на основни прехранбени продукти ќе добиваат двојно пониска цена на електрична енергија што ќе значи и пониски крајни цени за потрошувачите. Цената на лебот веќе е намалена, а очекуваме намалување и цените на млечните и месните производи, порача Лукаревска.
Заменик претседателката Лукаревска посочи дека само со последниот пакет мерки, околу 200.000 граѓани ќе добиваат финансиска помош во следните месеци.
– Субвенционирањето на сметките на струја до 80% ќе продолжи и во наредниот период. Пензионерите со пензии до 14.000 денари, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, лицата со попреченост и и нивните родители се само дел од категориите граѓани, кои добиваат директна финансиска помош од државата за справување со кризата. Таа грижа на СДСМ за граѓаните е постојана и таа продолжува и во иднина, порача Лукаревска на трибината во Липково.
Со економските политики и новиот Буџет за 2023 година очекуваме повторен економски раст и економска пресвртница.
-Се уште имаме уште работа, но со економските политики за наредната година, како што е проектиран и Буџетот за наредната година очекуваме повторно економски раст. Наредната година ќе биде подобро, заклучи Лукаревска.
извор: СДСМ