ВРЕМЕПЛОВ – Настани на денешен ден, 2 декември

1772 Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска.

1804 Наполеон Бонапарт е крунисан за цар на Франција.

1805 Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.

1942 Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.

1946 По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин – Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.

1956 Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.

1993 Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.

1997 Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија